ОВЕН (21. III – 19. IV)
Време е да започнете да размислувате со следниот чекор во кариерата. Нема да бидете задоволни со статус кво, бидејќи ќе имате преголеми амбиции. Имате капацитет и можности да си остварите голем сон.
Да, промените ќе ве плашат, но наскоро ќе пронајдете големо задоволство во нив. Конечно ќе се чувствувате како да имате крилја да полетате.
БИК (20. IV – 20. V)
Ништо денес нема да ве иритира повеќе од залудното губење на време. Ова не е ден кога треба да чекате ред, да договарате средби со личности кои доцнат или да одите на места каде што има многу луѓе. Ќе ви недостасува трпение, па можни се конфликти.
Собирајте енергија релаксирајќи се вечерва. Кажете им НЕ на обврските и излегувањата.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Денес ќе сфатите дека на вашето работно место има неколку задачи кои заслужуваат да им посветите поголемо внимание. Можно е да откриете каде треба да го насочите вашиот фокус за да бидете поуспешни. Ќе ви се пружи можност за професионален развој.
Љубовниот живот ќе ви се затопли. Без разлика на статусот, ви претстојат позитивни случувања.
РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе си поставите цели за до крајот на годината и бестрашно ќе се фрлите во мисија за нивно достигнување. Огромната енергија ќе ви помага лесно да ги исполнувате обврските од вашата листа.
Сепак, во целиот тој хаос и брзање, не се занемарувајте себеси. Вашето здравје е важно, но важен е и вашиот изглед.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Не мислете дека ви се причинува дека сите зјапаат во вас денес, тоа навистина ќе биде така. Планетите ќе ви подарат магнетска привлечност со која ќе заробувате погледи, но не го користете тоа за да си поигрувате со нечии чувства.
Ако сте во врска, не ја гледате вашата ранливост како ваша слаба точка. Таа ќе ве прави попривлечни во очите на партнерот.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Погледнете се себеси во огледалото и запрашајте се што е она што вие го сакате. Престанете да им угодувате само на луѓето околу себе и фокусирајте се на себе. Ако постои нешто што ве прави несреќни, променете го.
Првиот чекор е најтежок, но откако ќе го направите, ќе чувствувате многу поголема самодоверба.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Работете незапирливо во првата половина од денот, бидејќи батериите ќе ви бидат полни до максимум. Следете ги вашите најголеми амбиции и не се задоволувајте со просек. Ви претстои екстремно продуктивен ден.
Посветете си време на себе на крајот од денот без да сметате дека сте себични ако го направите тоа. Направете си третман на лицето или налакирајте ги ноктите…
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Раширете ги вашите хоризонти и ќе откриете дека околу вас има цело море од можности кои досега не сте ги гледале. Сепак, тие се скриени од ограничувањата кои самите си ги поставувате. Излезете од комфорната зона и истражувајте.
Можеби ќе ви биде потребно време за да стигнете онаму каде што посакувате да бидете, но чекањето ќе вреди.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Семејството ќе ви биде најубавиот дар на кој денес ќе му се радувате со целото ваше срце. Можно е непланирано да земете слободен ден за да бидете поблиску до вашите најмили. Нивното присуство инстантно ќе ви го разубавува денот.
Заедничка инвестиција која сте ја направиле со друга личност ќе ви донесе голем приход
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Запомнете, ако нешто ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, најверојатно не е. Денес некој нема да ви го покажува вистинското лице, но ако ја вклучите вашата интуиција, брзо ќе откриете кој се обидува да манипулира со вас.
Можно е љубовта да ја пронајдете на работното место. Колега или клиент ќе започне да ви го растреперува срцето.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Дали нешто ве спречува да го кажете вашето мислење? Денес ќе се ослободите од сите ограничувања и слободно ќе го зборувате она што го мислите. Вашата нова искреност ќе им се допаѓа на луѓето околу вас, бидејќи одамна сакаат да знаат што мислите за нив.
Нема да можете да се пожалите дека ви недостасува забава на крајот од денот, бидејќи ќе ја имате во изобилие.
РИБИ (19. II – 20. III)
Кога ќе помислите на вашите финансии, денес ќе чувствувате страв и несигурност. Пронајдете ги корените на тие ваши чувства и обидете се да направите нешто за да го зголемите вашиот внатрешен мир. Нема ништо лошо во тоа да побарате помош.
Жените на вашиот живот ќе се сместат во центарот на вашиот свет вечерва. Ќе поминете квалитетно време со нив и ќе се зближите.