Овен

Во текот на овој ден внимавајте на вашето здравје, особено на можните проблеми со алергии. Можни конфликти во кругот на семејството поради несогласувања околу прашањето за пари. Односот со партнерот е стабилен.

Бик

Месецот ги активира сите ваши негативни аспекти, па затоа денес се советува да не носите никакви одлуки, особено кога се во прашање парите и деловната соработка. Обрнете внимание на можни стомачни проблеми.

Близнаци

Вашата енергија и вашата потреба за комуникација денес го достигнуваат својот максимум. Бидете спремни за соработка особено кога станува збор за врска со партнерот. Можни проблеми со забите.

Рак

Вашата сила е да можете да работите со други луѓе затоа што сте многу емпатични како личност. Во текот на денот, добри вести за едно патување. Бидете вашиот најдобар пријател.

Лав

До крајот на денот можно е да бидете многу вознемирени поради тоа што се случува во кругот на семејството. Обидете се да се концентрирате бидејќи тогаш таа страна може да настрада. Партнерството е стабилно.

Девица

До крајот на оваа недела ќе имате интересни деловни разговори. Бидете трпеливи кога се во прашање семејните односи. Денеска не е ден за барање правда.

Вага

Вашата сила е во вашата потреба да доминирате особено кога станува збор за партнерство. До крајот на денот обрнете внимание на можните проблеми со главоболки.

Шкорпија

Во текот на овој ден најважно е да се свртите кон себе и да си поставите неколку прашања. Партнерството е стабилно и тоа ве прави среќни. Најважно е вашиот партнер да знае дека вие сте секогаш негова поддршка.

Стрелец

Вашата комуникација со луѓето денес е многу нервозна и напната бидејќи ја чувствувате вашата внатрешна вознемиреност. Бидете целосно отворени во односот со партнерот и барајте ја вистината.

Јарец

До крајот на оваа недела потрудете се да му бидете најдобрата можна поддршка на партнерот затоа што навлегол во еден голем проблем кога е работата во прашање. Обрнете внимание на можните проблеми со спиењето.

Водолија

До крајот на денот, Марс ги активира сите ваши аспекти во врска со нервозата и напнатоста. Потрудете се да бидете стабилни во одлуките кога е во прашање деловната страна, особено соработката со странство.

Риба

Емоциите ви се во пораст денес и само чувствувате блокада на емотивниот план. До крајот на денот потрудете се да бидете во склад со она што го чувствувате, бидејќи од тоа зависи се што ќе ви се случи следно.