Центар води со највисока излезност, најслаба во Шуто Оризари
Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека до 13 часот излезноста на Локалните избори 2025 во Град Скопје изнесува 20,07 проценти, според податоците пристигнати од избирачките места.
По скопските општини, излезноста е следна:
Аеродром – 20,63%
Бутел – 20,69%
Гази Баба – 18,97%
Ѓорче Петров – 19,67%
Карпош – 21,69%
Кисела Вода – 20,89%
Сарај – 21,18%
Центар – 22%
Чаир – 19,17%
Шуто Оризари – 13,76%
За споредба, на локалните избори во 2021 година, излезноста за Град Скопје во истиот период изнесувала 20,76 проценти.
Скопјани на овие избори избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една е жена. За 45 советнички места има поднесено 19 листи со 855 кандидати.
Граѓаните, покрај гласањето за градоначалник и совет на Град Скопје, гласаат и за градоначалници и советници на скопските општини во кои живеат. На избирачките места добиваат четири ливчиња, кои по гласањето ги ставаат во посебно обележани кутии.
Право на глас во Градот Скопје имаат 474 304 избирачи.