Според податоците на Државната изборна комисија, излезеноста во Куманово до 17 часот е 35,16 проценти. Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, информираше дека процесот се спроведува непречено, тековно.
Право на глас имаат 94 041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои ќе гласаат на 164 избирачки места.
Во општина Липково гласасњето се спроведува непречено, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Според ДИК, до 15 часот излезноста е 34,81 проценти. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26 362 гласачи кои гласаат на 36 места.
Во општина Старо Нагоричане гласањето е тековно, изјави претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски.
Според ДИК, излезеноста е 52,26 проценти. Во оваа општина право на глас имаат 3011 избирачи кои гласаат на 36 изборни места.