Изборниот процес во Прилеп и во Крушево, Долнени и Кривогаштани се одвива без проблеми.
До 17 часот во Прилеп од 62 053 избирачи своето право на глас го оствариле 38 проценти. Во општина Долнени излезеноста до 17 часот е 46 проценти, а во Крушево процентот е највисок во овој регион и на гласање излегле 60,94 од граѓаните со право на глас.
Во Прилеп гласачите избираат еден од 9-те кандидати за градоначалник и гласаат за една од 11-те советнички листи.
Во мултиетничката општина Долнени се седум кандидати за градоначалник и 14 советнички листи.
Во Кривогаштани во трката за градоначалник се двајца кандидати со три советнички листи, а во Крушево гласачите избираат еден од четворицата кандидати и една од шесте советнички листи.