По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Според Државната изборна комсија изборниот ден тече мирно со мали технички проблеми кои се решаваат без да има прекин на гласањето. Пресот го следеше Игор Манасиевски.