Влажни воздушни бранови носат нестабилност
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. Се очекуваат повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи.
Локално можни поинтензивни процеси
Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места се очекуваат локално поинтензивни процеси во форма на невреме. Тие ќе бидат проследени со пороен дожд, со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.
За викенд посвежо време и северен ветер
Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
