До петок ќе преовладува променливо облачно време, утре со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните ќе бидат под просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе се движат во интервал од 1 до 12, а дневните од 13 до 22 степена.

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со постепен пораст на дневната температура.