До петок времето ќе биде сончево и потопло, а веќе за викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.
Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.
Дневните температури ќе бидат високи и за време на викендот ќе се движат до 29 степени.