Времето до крајот на денот сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје, сончево со слаб променлив ветер, температура до 17 степени.
-До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне. Од вторник, особено вдолж Повардарието, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а утринската температура значително ќе се зголеми, известуваат од УХМР.
Од среда во пораст ќе биде и дневната температура.