Од понеделник излегуваме на улица. До сега бевме тивки, но не натераа да станеме гласни! Ќе останеме на улица се додека не ја добиеме помошта што ја бараме и која ја заслужуваме, најавуваат од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП.
-Ги повикуваме сите колеги кои работат во овој сектор како и сите други придружни дејности без кои нашата индустрија не може да постои да ни се приклучат. Не сме многу, но нема да дозволиме да останеме невидливи!Компаниите што работат во секторот организација на настани (организатори, изнајмување на опрема за озвучување, осветлување и сценска опрема, видео и аудио продукции како и техничка поддршка на настаните) се доведени до тотален колапс.
Јавноста знае дека оваа дејност е затворена повеќе од 1 година и сите сме сведоци дека нема јавни настани, концерти, и други случувања каде има масовно собирање. Ниту пак, со оглед на состојбата со пандемијата, имаме надеж дека наскоро ќе можеме да работиме.
Но, исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува а ние невидливи во сопствената држава.
Од друга страна, сведоци сме дека некои други сектори повеќепати беа помогнати со грантови и друга помош. Но, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии.
Цела година трпеливо чекавме Владата да го препознае нашиот сектор и да ги согледа загубите, не правевме скриени и тајни настани, не го загрозувавме јавното здравје, но заради нашата конструктивност, на крајот го загрозивме опстанокот на нашите фирми.
Веќе немаме што да изгубиме, приморани сме нашите права да ги бараме на поинаков начин!
Од понеделник излегуваме на улица. До сега бевме тивки, но не натераа да станеме гласни! Ќе останеме на улица се додека…
Posted by Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП on Thursday, April 8, 2021