Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.
Соединетите Американски Држави се најтешко погодени според бројот на смртни случаи и инфекции, со 605.526 смртни случаи и 33.717.574 заразени лица.По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 524.417 смртни случаи и 18.769.808 случаи на инфекција, Индија со 402.728 смртни случаи (30.585.229 инфицирани), Мексико со 233.622 смртни случаи (2.540.068 заразени) и Перу со 193.230 смртни случаи (2.065.113 заразени).
Меѓу најтешко погодените земји, Перу е земја со најголем број жртви според бројот на жители, 586 на 100.000 жители. Следат Унгарија (311), БиХ (295), Чешка (283) и Македонија (263).
Латинска Америка и Карибите имаат 1.289.841 смртни случаи (37.972.655 заразени), Европа 1.173.318 смртни случаи (54.829.375 заразени), САД и Канада 631.884 смртни случаи (35.134.524 инфицирани), Азија 586.822 смртни случаи (40.647.327 заразени), Среден исток 151.572 смртни случаи (9.433.330 заразени) , Африка 146.359 смртни случаи (5.677.924 заразени) и Океанија 1.139 смртни случаи (56.444 заразени).