Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.