Времето утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 21, а максималните дневни ќе достигнат до 38 степени.