Од север пристигнува бран со студен воздух кој до сабота наутро, 4 октомври, ќе донесе обилни врнежи од дожд, засилен ветер и прва сериозна снежна покривка во земјата.
Според прогнозите базирани на GFS моделот, на планините се очекува снежна покривка од над 50 до 60 сантиметри. Снег ќе има и во дел од градовите, особено во западните и северните предели на Македонија.
Метеоролозите предупредуваат на појава на мраз и силен ветер од северен правец, кои дополнително ќе го интензивираат студот.