Новата технологија се применува на специфичен начин – со помош на воздушен млаз, вакцината се „турка“ во кожата, а овој метод би можел да биде алтернатива за сите кои се плашат од игли, објави Универзитетот во Саутемптон.

Новата вакцина против коронавирус користи технологија DIOSvax на Универзитетот во Кембриџ и може да се произведува и дистрибуира во форма на прав.

Доколку тестот се покаже успешен, технологијата ќе ги зголеми глобалните напори за масовна вакцинација, пишува Еуроњуз.