Младиот велосипедист самиот го објави видеото од конфликтот со планинар што се случи кога се спушташе на патека предвидена за пешаци.

Тинејџерот кој неодамна објави видео на кое се гледа како се спушта по пешачка патека на Водно, а таму го запира рекреативен планинар кој се качува со двете деца, бил повикан во полициска станица заедно со татко му, при што им издале писмено предупредување, објави „Скопје1“.

„Во врска со пријавата за управување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за порталот.

Инцидентот предизвика многу коментари и препукувања на социјалните мрежи, откако младиот велосипедист самиот го објави, со наслов „VODNO KATASTROFA (POLICIJA BESE VIKNATA)“ видеото од конфликтот што го предизвика спуштајќи се на патека на која е опасно, и оттаму забрането, да се вози велосипед.