До редакцијата на Радио Лидер пристигна информација дека во стабилна состојба се тројцата пациенти во пловдивската универзитетска болница. Имено, според информациите станува збор за тројца штипјани на 21, 22 и 25 години. Имаат големи изгореници на кожата, но трахејата и белите дробови им се во стабилна состојба што е најважно во овој момент.

Претходно и министерот Арбен Таравари соопшти дека во последните 72 часа нема нови жртви.

Таравари со добра вест: Нема нови жртви во последните 72 часа

Таравари истакна дека во наредните денови може да се очекува враќање на одредени пациенти, кои се лекуваат надвор од државата. Со коментар за пациентите во странство се јави и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Муцунски од Белград: Обезбедуваме сместување за семејствата на македонските пациенти во странство