Салиу коментираше за истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
Министерот без ресор, Шабан Салиу, денеска изјави дека не чувствува вина во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во целата процедува опфатен е и тој. Салиу потенцираше дека пресумпцијата на невиност мора да се почитува сè додека не биде донесена судска одлука.
- „Сè додека не бидам осуден, не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката“, изјави Салиу пред почетокот на одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.
Реакција на медиумското известување – службено возило и судска постапка
Запрашан за неговата претходна изјава дека „новинарите водат судска постапка“, Салиу рече дека не е коректно новинарите да го следат. Изрази незадоволство бидејќи се фотографирале табличките на неговото службено возило додека се движел кон судот.
„Не бев на одмор, не бев никаде, напротив – во рамките на моите должности го извршив и тоа, се пријавив“, истакна тој.
За потсетување, министерот без ресор претходно беше опфатен во истрагата. Деталите прочитајте ги од веста во продолжение.
Проширена истрагата за Кочани: Приведен министерот без ресор Шабан Салиу
Присуството во судот во рамки на работното време
На прашањето зошто во судот пристигнал со службено возило, Салиу одговори дека бил на работа во периодот од 8 до 17 часот и оти не ја напуштил државата, туку извршувал службени обврски.
Извор: Скопје1