Пациент чекал во амбулатно возило со маска за кислород, а медицински персонал од Брза помош пиел кафе на бензинска. Оваа снимка денеска новинарка му ја покажа на министерот за здравство Фатмир Меџити.
Ако го потврдиме ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во министерство и да го потврдиме точно. Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса, изјави Меџити откако ја виде снимката.