Во Специјалниот суд во Белград денеска има распит на обвинетиот соработник Срѓан Лалиќ.
Обвинетиот сведок го заврши својот исказ, одговараше на прашањата на судот и обвинителството, а на претходното рочиште почна да одговара и на прашањата на обвинетиот Миљковиќ. По Миљковиќ, прашања на Лалиќ ќе му поставуваат и други обвинети, а Беливук побара од судијата последен да го испраша Лалиќ.
Лалиќ при своето излагање зборуваше за убиствата од обвинението, но и за злосторствата кои не беа опфатени во обвинението. Одговарајќи на прашањата, Лалиќ рече дека Миљковиќ е мозокот на оваа група и дека тој го смислил начинот на кој ќе се вадат телата по убиството. Лалиќ изјави дека бил дистрибутер на шифрираната апликација „Скај“, а пред апсењето имал 1.250 корисници, истакнувајќи дека ги снабдувал повеќето членови на „кавачкиот клан“.
Тој зборуваше и за трговија со дрога, оружје, киднапирања, објаснувајќи како работела групата.
Покрај убиствата од обвинението, Лалиќ зборуваше и за убиствата на Љубомир Марковиќ Кица, Љубомир Лаиновиќ, Властимир Милошевиќ, Мирко Којиќ, Адис Спахиќ, Дамир Хоџиќ, Александар Сарач, Миле Радуловиќ „Капетан, Мирко Периќ, Мирко Којиќ, Игор Дедовиќ, Стеван Стаматовиќ и други.
По сведочењето на Лалиќ, следуваат останатите обвинети соработници Бојан Хрватин и Никола Спасојевиќ.
Лалиќ се договорил со Обвинителството за организиран криминал за затворска казна од 18 години да зборува за злосторствата на неговите поранешни пријатели, членови на оваа организирана криминална група.