Избрани се најпосакуваните автомобили во рамки на манифестацијата „Златно тркало 2022“. Во конкуренција на 16 марки на автомобили, за најпосакуван автомобил во земјава е избран „Volkswagen ID.4“ кој е победник и во категоријата „најпосакуван електрифициран автомобил“.
Најпосакуван градски автомобил е „Peugeot 308“, а семеен автомобил „Kia Sportage“. Најпосакуван премиум автомобил е „Porsche Taycan Cross Turismo“.
– „Златно Тркало“ е уникатен начин да се пронајде најпосакуваниот автомобил во Македонија, а на гласање се ставени новитетите пред сите граѓани, кои имаат пристап на интернет и социјалните мрежи, со цел да формираат резултати според кои ќе се види интересот на сите љубители и купувачи на автомобили, велат организаторите.
Изборот се прави трета година по ред, а е основан од автомобилскиот македонски медиум „Авто Плус“.