Белата куќа официјално се огласи по одржаниот состанок меѓу лидерите на Соединетите Американски Држави, Русија и Кина, откривајќи ги главните заклучоци од историските разговори. Шефовите на трите светски сили остварија опсежна и детална дискусија за актуелните геополитички предизвици.
„Тројцата шефови на држави имаа детална размена на мислења за моменталната меѓународна ситуација и се заложија да ја заштитат стратешката стабилност и меѓународната безбедност“, се вели во соопштението.
Во официјалното соопштение од Вашингтон беа прецизирани четири клучни точки кои произлегоа од постигнатиот договор меѓу велесилите:
Прво, Кина, САД и Русија се обврзаа на реформирање на Обединетите нации со цел организацијата подобро да одговори на глобалните предизвици. Второ, трите земји планираат значително да го зголемат производството и снабдувањето со нафтени производи на светските пазари.
Третата точка нагласува заеднички став дека Меѓународниот кривичен суд и сличните тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност. Четврто, трите велесили ќе се вклучат во директен дијалог насочен кон намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.
Иако многу аналитичари и набљудувачи очекуваа Трамп да го продолжи трговското примирје меѓу САД и Кина кое истекува во јануари, таква официјална најава сѐ уште не е соопштена по средбата.
