Градските власти на Мариупол за денеска најавија нова евакуацијата на цивилите што треба да почне точно на пладне по локално време (11 по средноевропско време) и дека е договорен и привремен прекин на огнот.
Според градските власти, прекинот на огнот ќе трае од 10 до 21 часот по локално време (од 9 до 20 часот по средноевропско време).
Во текот на целиот вчерашен ден продолжија нападите врз украинските градови Мариупол и Волноваха, откако Русија претпладнето соопшти дека е договорен краток прекин на огнот за да се овозможи хуманитарна евакуација.
Русија и Украина се договорија за ограничен прекин на огнот околу двата града, за да може да се евакуираат луѓето кои се обидуваат да избегаат .
Но, украинските сили соопштија дека руските сили не го исполнија целосно договорот за „примирје“ и дека евакуацијата на луѓето од опколениот пристанишен град Мариупол мораше да биде запрена.