Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм објави дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили од украински области што се под руски напади.

Верешчук потсети дека вчера немаше активни коридори, делумно и поради тоа што, како што пишува таа, „окупаторите не можат да ги контролират своите луѓе на теренот“.