Аеродромот „Модлин“ во Варшава е привремено затворен откако патнички авион што сообраќал од Лондон принудно слетал поради дојава за поставена експлозивна направа. Надлежните аеродромски власти веднаш ги активираа безбедносните протоколи за вакви вонредни ситуации.
Според официјалните информации, авионот првично сообраќал од британската престолнина кон главниот аеродром „Шопен“ во Варшава, но по добиената закана бил пренасочен кон аеродромот Модлин.
Полските безбедносни сили и специјализирани тимови веќе се на терен и спроведуваат детална истрага и проверка на леталото за да се утврди вистинитоста на пријавата.
Претходно, авион на компанијата „Виз Ер“ што сообраќаше на линијата од Лондон кон Софија исто така принудно слета во Будимпешта поради слична закана за поставена бомба, при што по извршените проверки не беше пронајден никаков експлозив.
