33 основни училишта низ Скопје по електронска пошта добија нови закани за поставена експлозивна направа. Според МВР, кај сите училишта дојавите дошле во речиси истиот период во 12.30 часот.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втора дојава за бомба од стартот на второто полугодие. Пред четири дена исто така имаше дојави за бомби, но во осум училишта.

Ден со најмногу дојави за поставени бомби беше 15-ти декември, кога пријавија 50 основни и средни училишта. До сега, сите беа лажни.