Денеска на пладне, дојава за поставени бомби примиле ООУ „Лазо Ангеловски“ и ООУ „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром.

Учениците од втората смена се евакуирани и се наоѓаат на Детската улица, од каде родителите и роднините си ги земаат децата.

Полицијата е на терен и ги проверува просториите.

Дојава за бомба има и во соседното училиште „Александар Македонски“, а најверојатно дојави за поставени бомби има во сите основни училишта на територијата на Аеродром.

Според првичните инфомрации дојави за бомби има и во други училишта, повеќе информации ќе имаме во текот на денот.