Според Гласот на Америка, Американците биле повикани да го избегнат аеродромот со безбедносно предупредување, а објавено е дека оние што се во близина на аеродромот треба веднаш да ги напуштат тие локации.

Би-Би-Си објави дека Стејт департментот исто така ги повикал сите американски државјани да ја напуштат областа во близина на аеродромот во Кабул поради специфична, веродостојна закана.

Во самоубиствениот бомбашки напад во четвртокот во близина на аеродромот во Кабул загинаа 170 луѓе, меѓу кои 13 американски војници.