Нови дојави за поставени експлозивни направи се примени денеска на електронските адреси во 13 училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се антитерористичките проверки.

– Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.