На електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира МВР.
Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на 9 професори од истите училиштата.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, истакнуваат од полицијата.