Коктел-средба, празничен прием или вечера? Иако форматот под кој водствата на партиите на Албанците од Македонија биле поканети во Тирана од албанскиот премиер Еди Рама се објаснува различно, суштината се чита идентично: такви средби има кога ќе „згусти“, пишува Дојче Веле.
Иако поканетите сугерираат дека во Тирана ќе има (пост)празничен прием (а не состанок со дневен ред), аналитичарите се уверени дека постојат повеќе причини за одржување на посочената средба.
Уредникот на „Лајм“, Исен Салиу за Дојче Веле смета дека имало повеќе причини за закажаната средба на премиерот на Албанија, Еди Рама со лидерите на албанските партии во Македонија.
„Како прво, мислам дека Рама им прави услуга на своите пријатели Али Ахмети и Артан Груби, на кои, во моментот кога внатрепартиските поделби во ДУИ земаат замав, им е доста значајно да добијат легитимирање од Тирана како вистински претставници на нивната партија, наспроти таканаречената ‘Огнена Група’, која таков легитимитет сега бара од партиската база. Тој впечаток за Ахмети и Груби им е значајно да го создадат токму пред партиските структури на ДУИ“, изјави Салиу.
Втората причина ја лоцира во фактот што Албанија влегува во изборна година (локални избори), на кои Еди Рама и неговите социјалисти се очекува да го имат најсериозното изборно соочување во последните десет години, против двоецот Сали Бериша-Илир Мета. „За релативно голем дел од избирачите во Албанија е од доста големо значање албанскиот премиер да покаже ‘патернитет’ над целокупниот албански политички фактор во регионот. Тој ‘патернитет’ на Еди Рама во моментот не му го признават лидерите на косовските Албанци – Албин Курти и Вјоса Османи, па Рама сака делумно тоа да го надомести во однос на лидерите на Албанците во Македонија“, смета нашиот соговорник, пренесува Дојче веле.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.