Почитувани риболовци, Ве информираме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пропиша целосна забрана за риболов на Дојранско езеро во периодот од 10 април до 10 мај 2026 година, односно во тој период не е дозволен воопшто рекреативен риболов на Дојранско езеро. Ве молиме за почитување на забраната, со оглед дека спроведувањето на истата ќе биде контролирано од Државниот инспекторат за земјоделство, како и од државната риболовна контрола. Со почит, Македонска Риболовна Федерација