Размена на тела меѓу Русија и Украина
Русија денеска ѝ предала на Украина нова група од 1.248 тела на загинати украински војници, потврди руското Министерство за одбрана. Со тоа, вкупниот број на предадени тела досега достигна 6.060, додека Русија добила само 78 тела на свои војници.
Министерството соопшти дека ова претставува масовна хуманитарна акција, спроведена во рамките на досегашниот договор со украинската страна. Во моментов, руските власти се подготвени да ѝ предадат уште 2.239 тела на загинати војници на Украина.
Медински: Русија ги исполнува ветувањата од Истанбул
Владимир Медински, претставник на руската страна во преговорите, изјави дека Русија целосно ги исполнува обврските што биле договорени во Истанбул.
„Русија ги исполни ветувањата дадени во Истанбул… Размената на затвореници меѓу Русија и Украина продолжува“, изјави Медински.
Разликата во бројките како доказ за украинските загуби
Разликата меѓу бројот на предадени тела укажува на масовноста на загубите на украинската војска, тврди руската страна.
Со денешната испорака од 1.248 тела, вкупниот биланс од почетокот на процесот достигнува 6.060 тела што се вратени во Украина. Договорот за размена на тела меѓу Русија и Украина е целосно реализиран.