Зборувајќи за вакцинацијата, пулмологот д-р Дејан Докиќ во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, рече можеби доцниме, но дека сега ќе бидеме поискусни и нема да ги повторуваме грешките од другите, како на пример Србија која што и покрај вакцинирањето, има многу заразени.
Во однос на вакцинирањето, не сме задоцнети. Доколку некој со тајмер мери време со месеци, може таков впечаток се добива. Дали е добро да се вакцинира брзо со евентуално несакани реакции, за тоа сме евеидентни, одредени земји го прекинаа вакцинирањето како Австрија, Хрватска, имаа недостаток затоа што фирмите не можеа да испорачаат. Ако сте први и брзи… знаете како вели една поговорка: „Брза кучка, слепи кучиња раѓа“, вели Докиќ.
Според него не може да биде сопрен еден процес на вакцинација ако истиот почне.
Ако почнете со еден процес, не може да го сопрете. Тоа е несериозно кон луѓето. Ние го немавме тој проблем. Навидум е задоцнето, но со многу поголемо туѓо искуство во однос на начинот на одвивање на вакцинација, несаканите ефекти, имунитетот што се создава. Во Србија има огромен број на новозаразени, затоа што на луѓето во перцепцијата е дека ако се вакцинираат може да прават што сакаат. Сето тоа ние ќе го избегнеме, рече Докиќ.