Доколку нема договор за избори ова лето ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ќе се обратиме до целиот народ и ќе побараме да ни се придружат. Македонија е на прво место во одлуките, во делувањето, за нашиот народ. Нас ни е потребна општествена поддршка за целосен триумф врз мафијата во политиката, додава Мицкоски.