Д-р Сашо Јовев, разрешениот директор на Клиниката за кардиологија, добил писмена писмена наредба од Министерството за здравство да ја напушти канцеларијата.

Тој уште од јуни е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија, а таквата одлука ја донесе министерот за здравство Фатмир Меџити, со изговор дека ги злоупотребувал дежурствата. Заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, беше контра оваа одлука.

Кога беше донесена ваквата одлука Јовев беше на боледување, а за медиумите изјави дека таквиот однс кон него не е коректен затоа што има признати резултати.

Во наредбата испратена на 10 август од Јовев се бара до понеделник да ја напушти канцеларијата или во спротивно ќе бидат преземени други мерки.

Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски.