Докторот Виктор Камнар ја даде својата поддршка на Данела Арсовска како кандидат за иден градоначалник на Скопје.
Имено откако таа денеска објави дека ќе се кандидира како независен кандидат за градот Скопје, докторот Камнар напиша дека доаѓа време на успешните и докажаните да поставуваат стандарди.
-Доаѓа време успешните и докажаните да поставуваат стандарди. Данела Арсовска како твој пријател ти посакувам успех и среќа со кандидатурата и искрено верувам во тебе!Верувам дека ке ја исполниш желбата на нашите сограѓани повторно да го препознаеме нашето СКОПЈЕ, стои во неговиот твит.