Доктор Игор Николов е еден од 150-те доброволци кои преку Министерството за здравство ќе заминат во Труција како дел од хуманитарната помош за настраданите во земјотресот.

Тој се пријавил доброволно на повикот на Министерството и ги чека инструкциите за заминување.

„Во овие моменти на солидарност, штом го видов повикот за помош, веднаш искажав подготвеност да учествувам во медицинската помош за Турција по разорниот земјотрес. Во моментов нашата помош сега е повеќе од потребна.

За учество во тековните хуманитарни активности во Република Турција се пријавив на јавниот повик веднаш по пбјавата, а со цел да помогнам и дадам свој придонес како доктор со долгогодишно искуство на терциерно ниво во укажувањето помош и лекување на повредените, согласно етичките принципи кои ги налага лекарската професија.

Помошта и поддршката се посебно значајни за пријателска Турција, која од секогаш давала силна поддршка за нашиот здравствен систем низ годините.

Од срце им посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа стравична катастрофа“, стои во неговиот пост на Фејсбук.