Од Министерството за здравство до директорите на клиничките болници, општите и специјални болници, како и до здравствените домови стигнал допис дека заради технички проблеми на клиниката КАРИЛ предизвикани од поплавата сите пациенти кои бараат интензивна нега ќе се препраќаат во други установи се до санацијата на дефектот.
Конкретно, пациентитте од Скопје ќе се препраќаат во „8 септември“ и „Наум Охридски“, тие од истокот во Штип, од централна Македонија во Битола а од западна во Тетово.