Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е доставена целокупната документација за набавката на модуларната болница во Тетово каде во пожар животот го загубија 14 лица. Шефицата на обвинителството, Вилма Русковска вели дека се работи за обемна документација. Во интервју за РСЕ кое целосно ќе се емитува в недела на прашањето кој би можел да биде повикан за сведок или кривично да одговара, Русковска вели дека најпрвин треба да се анализира документацијата па потоа ќе донесат одлука како понатаму ќе се одвива случајот.

„Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници, или во тој дел ако е повреден, тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово“, вели Русковска.

Прочитајте целосно на Радио Слободна Европа.