Бисера Антоанета со патниот налог до сметководство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, од истите може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.
Ова е сметката за купен куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Оваа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата. Бисера Антоанета куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари. Одиме со следна сметка, од 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023. Само да нотираме дека Антоанета се правда со некакви изводи од плаќање од 25, т.е. ден претходно. Чии се сметките од 25-ти воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис. Одиме понатаму, ова е сметката од Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football. Бисера Антоанета, на лагите и се кратки нозете. Народот може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното, истакна Лефков.
Имај трпение Антоанета, ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси, додава Лефков.