Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување во петокот се движи околу вредноста од 102,38 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,56 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,30 на 142,65 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0960 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето чинеше 1,0945 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,14 отсто, на 85,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 81,75 долари.