Анадолу Ефес претрпе пораз од Црвена Звезда на натпревар кој донесе исклучително лоша вест за составот на турскиот прволигаш.
За време на средбата одиграна во Белград, сериозна повреда заработи ѕвездата на тимот Мајк Џејмс, кого медицинските лица мораа на носилки да го изнесат надвор од паркетот. По реакцијата на сите присутни во салата веднаш стана јасно дека станува збор за тешка повреда. Американскиот бек се повреди без никаков контакт со противнички кошаркар во текот на третата четвртина од мечот.
Првичните лекарски проценки покажуваат дека играчот го очекува долга пауза од кошаркарските терени, која ќе трае меѓу седум и девет месеци.
Ова претставува огромен удар за 36-годишниот кошаркар, што отвора дилеми околу тоа како ќе се одвива неговото враќање на професионалниот паркет во иднина. Ваквиот развој на настаните е тежок удар и за амбициите на Анадолу Ефес, екипа што влезе во натпреварувачката сезона со планови и амбиции за пласман во Топ 10 фазата од Евролигата.
