Граѓаните и фирмите заедно должат околу 202 милиони евра за неплатени придонеси, даноци царини и акцизи, покажува последната листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Интересно е колку граѓаните и фирмите должат.
Највисок е долгот за даноци и придонеси на граѓаните и фирмите за периодот август – октомври изнесува околу 198 милиони евра, додека, пак, долгот за царински давачки изнесува 3,4 милиони евра.
На листата има 2.049 фирми и 4.088 физички лица или 96 повеќе од претходната листа.
УЈП ги објавува должниците чиј долг е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Како и во претходните листи и на оваа се најдоа голем број државни и општински јавни претпријатија, а на листата се и компании кои со месеци не ги подмириле своите обврски кон граѓаните.
