Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите.
Мерките се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.
Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1,2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за промет на енергенси од 18 на 10 проценти, што ќе доведе до поевтина цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10.5 денари поевтина цена за дизелот и 11,5 денари би се намалил бензинот, соопшти на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.
Предложивме сеопфатен пакет мерки што се состои од 28 мерки и препораки. Одговорноста на сите политички партии е да го поддржат овој пакет на економски мерки, што тежат 400 милиони евра, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, по објавувањето на пектетот мерки и препораки за справување со економската криза.
Тој појасни дека дел од мерките и препораките, особено во делот на акцизата, во делот на ДДВ-то треба да се направат измени во законите за акцизата и за ДДВ, а тие, како што рече, веднаш ќе бидат пратени во Собранието.
– Сите пратеници, без исклучок од која политичка партија доаѓаат имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале и пред сите граѓаните во државата, рече меѓу другото Ковачевски.
Премиерот содаде дека ова не се само еднострани мерки, што се однесуваат само на акциза или на ДДВ, туку се однесувааат и на поддршка на граѓаните од најранливите категории, на поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.
Премиерот Ковачевски наведе дека се наоѓаме во најголемата економска повоена криза во Европа и истакна дека ова ќе биде тешка година, но, истакна, со добри политики ќе ја премостиме.