Оваа влада е закана за демократијата во Македонија. И тие го знаат тоа, затоа вака се однесуваат и кон Авганистанците, се додворуваат за да не бидат пожестоко нападнати од некоја странска сила, ним им е гајле што мислат Македонците или граѓаните на Македонија што воопшто мисли з владата, нив тоа воопшто не ги интересира. Затоа така се однесуваат, истакна универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Јован Донев, во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа за владата на СДСМ и одлуката на премиерот Зоран Заев, 650 Авганистанци да се доселат во Македонија.

Донев посочи дека САД не побарала да се донесе ваква одлука, туку дека власта на СДСМ и Заев сами се понудиле, коментирајќи дека пред два до три месеца на состанок со министрите за надворешни работи на Македонија, Косово и Албанија е договорена координација на надворешната политика, укажувајќи дека тој смета дека Македонија не смеела да влегува во вакви комбинации бидејќи има отворено други праша кои можат да се рефлектира на безбедносен план.

-Американците не побараа од нас ние да примиме бегалци, ние сами им се понудивме и втора работа што мене повеќе ме загрижува имам впечаток и мислам дека македонските медиуми не го објавија, меѓутоа пред два до три месеци имаше трилатерална средба на министрите за надворешни работи на Македонија, Косово и Албанија каде што беше договорена координација на надворешните политики и ова се повеќе ми личи дека се работи за надворешна политика помеѓу овие три држави и тоа е нешто што ме загрижува затоа што Македонија доколку е вистина, Македонија не треба да влегува во такви комбинации и да координира надворешна политика со Косово и Албанија затоа што имаме ние отворено и други прашања кои што може да ни се рефлектира и на безбедносен план и најдобро ќе беше да почекаме, вели тој.