Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи.

Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 км/ч), информираат од УХМР.