Локални врнежи утре и во недела претпладне

Променливо време во Македонија ќе се задржи во наредниот период. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во недела претпладне се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег, информира УХМР.

Врнежи од дожд и снег во понеделник, стабилно време потоа

Во понеделник врнежите од дожд ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе врне снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Во следните два дена се очекува претежно стабилно време, а нови врнежи се предвидуваат од четврток.