Основниот суд во Штип му изрече доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов (34) за свирепото убиство на 29-годишната Емилија Пешева, кое се случи на 1 ноември 2024 година.

Детали за убиството

Според истрагата, Зејнелов првин ја удрил Емилија со тупаница, а потоа ја давел со двете раце додека не престанала да дише. Трагедијата се случила во напуштен објект во Штип, каде што двајцата подолго време живееле заедно.

Сите детали погледнете ги во продолжение:

„Кога ќерка ми ќе стане од гроб, тогаш да излезе од затвор“ – се бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева

Фадил Зејнелов сам го признал делото

По убиството, Фадил Зејнелов сам се пријавил во полицијата и ја признал вината. Пред судот, тој изјавил дека ја прифаќа казната што ќе му биде изречена.

Максимална казна поради криминално минато

Обвинителката Билјана Тошева-Анакиева бараше најстрога казна, истакнувајќи дека Зејнелов е повратник во криминалот и дека веќе бил осудуван за неколку кривични дела со вкупна казна од 10 години затвор.

Реакција на семејството Пешеви

Таткото на жртвата, Слободан Пешев, ја поздрави судската одлука.

„Ова е свирепо и монструозно убиство. Убиецот на нашата ќерка треба никогаш да не излезе од затвор. Ќерката не можеме да ја вратиме, ама оваа казна е заслужена“, изјави таткото на жртвата.

Тој сепак нагласи дека повеќе пати пријавувал во полиција за насилството што Емилија го трпела од Зејнелов.

Извор: СДК